Статии и совети

Од што оретчува косата?

Прекумерната употреба на бои, фен
и други стилизирани средства ја
оштетуваат косата

Ако секое утро фрламе снопче коса во тоалетот и веќе ластикот го преплетуваме 3 пати, кога си ја врзуваме косата, јасно е дека станува прашање за прогресивно оретчување на косата, или косопад.
Косопадот може да биде предизвикан од различни работи со кои треба да се усогласи и пристапот за неговото надминување. Ова се нај распространетите причини и некои корисни совети за по успешното справување со проблемот:

Недостаток на витамини и минерали

Косата има потреба од голем спектар на хранливи материи за да го одржат нејзиното здравје и блесок. Исклучиво корисни се витамин А, витамин D3, селен и др.

Препорака: Дневното мени треба да е разноврсно и да вклучува храна од сите хранливи групи. Особено важно е да се зимаат хранливи додатоци за потхранување на влакното и кожата. Тие содржат важни витамини и потхранувачки материи, кои го осугураат на косата потребниот хранлив биланс.

Прекумерно користење на хемија

Честото третирање на косата со препарати за боење и плус топлиот воздух од фенот ја сушат кожата на главата. Така се нарушува врската меѓу кожата и коренот на влакното и тој паѓа полесно. Употребата на агресивни шампони исто ја оштетуваат косата и го запира растењето.

Препорака: Ограничете ги хемиските обработки на косата и по често оставајте ја да се исуши самата. Од голема корист можат да бидат хранливите додатоци за потхранување на влакното и неговиот корен од внатре. Благодарение на нив врската помеѓу кожата и коренот на влакното заздравува и кубењето станува по тешко. Влакното станува по здраво, блескаво и издржливо на надворешни влијанија.

Други

По ретки се луѓе со намален имунитет, примањето на лекарства кои го оштетуваат влакното и неговиот корен, генетската предиспозиција и хормоналните отстапувања. Во овие случаи се препорачува консултација со дерматолог. Тој по свое мислење препишува лекување или насочува кон консултација со друг специјалист.