Статии и совети

Со што се храни косата?

Сето она кое го јадеме е храна и за косата

Влакното е изградено од протеин, наречен кератин и аминокиселини а 1/4 од обемот е во вода. Од неговата структура можеме да разбереме од што има потреба косата за да биде мека како свила и блескава.

Од порано се знае дека убавата коса не е само збир на квалитетни и соодветни козметички средства. Добрата грижа за косата е сврзана со тоа што јадеме и дали телото ги прима сите неопходни витамини, минерали и микроелементи. Исклучиво важно е во менито да присуствуваат протеини – соодветните храни со риба, млеко и сирење, месо.

Неопходно е да земеме и доволно количество течности за да ја осигураме на влакното неопходната вода. Основните групи минерали кои се неопходни за убавината на косата се:

Селен-ја одржува еластичноста на ткивата, ја подобрува функцијата на кожата на главата (скалпот), особено кај првут;

Коензим Q10-биолошката улога е да осигура сопствена енергија за клетките во организмот (околу 95 % од општата енергија). Има силен антиоксидантен ефект, кое го забавува стареењето на клетките;

Лутеин-има докажано корисен ефект кај заздравување на косата. Со неговото примање го подобрува навлажнувањето и еластичноста на кожата, како по тој начин заздравува врската помеѓу коренот на влакното и кожата и влијае на косопадот;

Други важни минерали се железото, цинкот и бакарот, кои на еден или на друг начин допринесуваат за убавината на косата.

Витално важни за косата се и витамините А, D, C, и Е, како и витамините од група В. Витамин А ја стимулира дејноста на протеините кератин и колаген, кои се важни состојки за изградувањето на косата, кожата и ноктите. Витамин Е ја подобрува функцијата на кератинот и ја одржува prokrvenosta na скалпот, со кое се осигурува растењето на косата. Витамините В и С исто се грижат за растењето. Витамин D3 игра важна улога во нашето тело. Тој помага за регенерирање на нови клетки.

Докажано дејство врз убавината на косата имаат и омега-3 и омега-6 полинезаситените масни киселини. Тие потпомагаат во одржувањето на кожата, го намалуваат сушењето и по тој начин помагаат во трансферот на корисни материи во косата.

Секое нарушување во структурата на влакното означува дека во телото недостига некои од овие важни материи. Нај често тоа се набљудува кај смената на сезоните стрес, неправилно хранење и пр. Во таков случај соодветно е да се примат и дополнителните додатоци за коса.