Статии и совети

Здравственото гладување не е многу лековито

Постењето е утврдено во многу религии

Покрај тоа нема научни докази, дека постот е практичен и здрав начин за слабеење, многу од современите луѓе го кажуваат како таков. Други пак постат за да се детоксираат. Експертите сметаат дека телата ни се опремени со органи кои многу добро ја вршат оваа работа и не е потребно да гладуваме за да се прочистиме.

Постењето води ли до слабеење?

Кога телото ни е принудено да се откаже од голем дел од хранливите материи, кои ги добивало досега тоа ќе ослабне. Големото прашање е колку долго ќе успеете да ја задржите таа тежина. Кога нагло ќе го намалиме обемот на храната, телото се префрлува на штедење, метаболизмот се забавува, а заедно со него и сите останати процеси во организмот. Телото ни минува на режим опстанок. Нај веројатно после крајот на постите, кога ќе се вратиме кон нормалното хранење, килограмите ќе се вратат. Дури при влез на истите количества храна, како пред тоа ќе почуствувате поголема тежина во стомакот.
Со намалување на храната намалува и апетитот, што е претпоставка за слабеење. Завршувањето на постите го врака апетитот одново. Многу научни и медицински испитувања покажуваат дека постот може да помогне на луѓето да ја намалат телесната тежина но не и да ги задржат резултатите.

Постењето го детоксира ли организмот?

Некои поддржувачи на постењето тврдат дека така телото може да ни се прочисти од натрупаните отрови и штетни материи. Науката се уште не открила докази, дека постењето детоксира, како и дека телото има потреба од слично прочистување. Природно тоа е така направено дека само ги исфрла штетните материи и тоа е дел од нормалното функционирање на телата. Основна детоксирачка улога има кожата, црниот дроб, дебелото црево и бубрезите.

Гладувањето го продолжува ли животот?

Направени се ред испитувања врз гладори и луѓе односно влијанието на гладот врз долгдвечноста, кои ја откриваат врската меѓу калориите и долговечноста. Други испитувања врз луѓе со тежина над нормалaта покажуваат дека кога се подложни на нискокалорична диета кај нив се набљудува подобрување на маркерите на стареењето. Правилното хранење може да го продолжи животот како што ќе ги забави првите појави на болести сврзани со возраста.

Се уште нема категорични податоци, кои потврдуваат дека гладот се одразува на продолжителноста на живот на луѓето.