Статии и совети

Колку брзо можеме да ослабеме?

Загубата на тежина не се одвива со еднаква брзина
кај сите

При ослабување ние не губиме само масти. Многу испитувања покажуваат дека кога сме на диета, ние губиме тежина, како средно отстрануваме 75 % масти 25 % мускулна маса. Многу голем процент од загубената тежина може да биде и вода сепак таа е околу 70 % од тежината на човекот.

Губењето на тежина не е константна и не се одвива со рамномерна брзина. Различните луѓе ослабуваат со различна брзина. Тоа е така зошто намалувањето на тежината зависи од различни фактори како и почетна тежина, режим на исхрана, начин на живот, физичка активност, здравствена состојба, генетска предиспозиција, метаболизам, ниво на стрес и др.

Ослабувањето вклучува и други нешта освен загуба на масти, така и брзина на ослабување се определува од различни индивидуални фактори и е исклучиво тешко ако не и невозможно да се даде точен одговор на прашањето “Колку брзо можам да ослабнам?”

Покрај тоа ќе посочиме некои основни насоки за максимална брзина на ослабување:

Што можеме да загубиме најбрзо?

Нај брзо се губи водата во телото. Вие може да загубите запрепастувачки 20 кг но тоа е многу опасно за здравјето. Нај брзо симнатите килограми се вкараат најбрзо.

Колку масти симнуваме?

Максималниот обем масти, кој еден здрав човек може да симне е околу 1–1,5 кг. за недела. Обично до овие максимални вредности се во состојба да достигнат само луѓето со ултра тежина. За споредба една жена со средна тежина околу 60 кг. може да намали максимум около 0,5–0,6 кг. на недела.

Зошто не ослабуваме?

Нашето тело се формирало и развило во услови на праисториска епоха, кога гладот, а не дебелеењето било нај голема закана. Затоа организмот не е проектиран да губи тежина, а е проектиран да преживува. Ако сте ги намалиле драстично примените калории, мозокот ни спрема чекори за забавување на метаболизмот и за заштита на калориите. Тоа е и една од основните причини поради кои ослабуваме по бавно, отколку поправаме.

Несакани ефекти од премногу брзо ослабување

Премногу брзото ослабување, како например после хируршка интервенција, може да доведе до непријатни несакани ефекти. Двата нај често сретнати несакани ефекти се:

1. Висење на кожата. Ако ослабнете многу брзо, кожата нема време да се намали до новата, послаба форма на телото.

2. Камења во жолчката. Проучувањата покажуваат дека луѓето кои губат големи количества од тежината многу брзо се изложени под голем ризик од формирање камења во жолчката отколку оние кои слабеат бавно и постепено.

Многу брзо слабеење обично е последица од вештачките промени во нашите прехранбени навики. Не е изненадно тоа дека не и дава доволно време на тежината да се навикне со новостите. Така и покрај тоа дека нашата тежина се променила нашиот ментален пристап кон храната и хранењето си останува исто. Затоа е препорачливо слабеењето да е процес што трае. За време на процесот треба да бидат превземени мерки за обновување на изгубената мускулна маса и по никаков начин да не се допушти дехидрирање на телото.