Статии и совети

5 едноставни совети за слабеење

Полуподготовките се штетни за
тежината

Слабеењето е долг процес и за да го завршиме со успех, треба да почитуваме неколку основни чекори:

1. Оттргнете го засекогаш менито со полуготови и брзи храни. Ако само за малку запрете да се храните со бургери и пржени компири ќе се зачудите колку брзо ќе забележите промена. Сите тие храни се полни со конзерванси, бои и други дополнителни додадени материи. Сметаме дека нема потреба да објаснуваме повеќе...

2. Пијте повеќе вода. Тоа е правило кое сте го слушале повеќе пати, но и ние треба да го кажеме. Сите процеси во нашето тело се вршат во водна средина. Водата исфрла токсини надвор од организмот. Ако го осудите телото на дехидратација нема да ослабете.

3. Постепено намалете го обемот на порциите. Добро е да го нормализирате хранењето ако јадете 5-6 пати дневно мали порции храна. По тој начин дури ќе го регулирате апетитот. Откажете се од држење на гладен стомак по цел ден и прејадување касно навечер.

4. Намалете ги калориите кои ги примате преку ден. Обидете се да го направите без лишувања. Со откажувањето од саканите работи може да се успее во секој момент, во кои ги гледате. Не си мислете дека треба да гладувате за да ослабнете.

5. Тренирјте редовно. Направете си соодветен режим за тренинзи, усогласен со ангажманите и следете го стриктно. Обидете се физичките напори да не ви бидат рутина за да сте сигурни дека не го губите времето.