Мислење на специјалисти

Др Гаро Албојаџијан
гастроентеролог

Производите Vitaslim го чуваат стомакот

Досега сите лекови и диететски додатоци, кои се примаат орално (преку уста), се нудат на пазарот само под две форми – таблети и капсули со прашкаста содржина. Познато е дека овие форми со своите содржини можат да предизвикаат сериозни проблеми со стомачниот и дигестивниот тракт. Тоа е затоа што за нив тој се јавува како „влезна врата” во организмот. Дојдени еднаш во желудникот, производите во форма на таблети или во форма на прашкаста капсула имаат многу несакани ефекти врз гастроинтестиналниот тракт – го променуваат неговиот мотилитет и секреторната активност на стомакот. Ја дразнат слузокожата, жолчката и црниот дроб директно или преку дополнително ослободени метаболити и секундарно формирани комплекси.
Во таа смисла технологијата Licaps® која се користи во производството на производите Vitaslim е револуционерен чекор во насока на заштита на желудникот и цревата. На пример, за да станат состојките на производ со таблетарна или прашкаста форма во активна материја, тие се предмет на дополнително метаболизирање. Како резултат на овој процес е возможно да се формираат комплекси кои не се ресорбираат добро и кои го дразнат гастроинтестиналниот тракт и ја отежнуваат хепаталната функција. Состојките на производите Vitaslim во Licaps® се доставуваат во организмот директно во активно течна состојба и се ослободуваат брзо. На овој начин се избегнуваат сите несакани ефекти кои се јавуваат при таблетните и прашкастите форми.

Од друга страна, таблетните форми, за да останат стабилни, се натоварени со дополнителни ексипиенти, материи, бои и стабилизатори, кои сами по себе, или во комбинација, дополнително можат да ја оштетат желудечната слузница. Предноста на Vitaslim производите произведени по технологијата Licaps®, е дека тие немаат потреба од дополнителни помошни супстанции. Тоа ја олеснува апсорпцијата во желудечната слузница и ја штити од присуството на несакани иритирачки состојки или секундарно формирани комплекси.

Vitaslim производите во Licaps® имаат уште еден огромен плус во заштитата на желудникот и тоа се уникатните технолошки карактеристики при нивното производство. Секој Licaps® производ е изработен од целосно природни состојки, запечатени во посебен начин, кој не дозволува реакција на состојките со надворешната средина. Во Licaps® капсулите има азотно меурче што ја зголемува стабилноста на содржаните материи и не дозволува несакани интеракции помеѓу нив. Меурчето го стопира создавањето на пероксид и слободни радикали и не дозволува влошување на квалитетот на состојките. Азотното меурче олеснува побрзо ослободување на содржината од капсулите.
По ослободувањето на активната супстанција од капсулата и неговата апсорпција во организмот започнува неговото дејство врз ткивата во органзимот. Таму се остварува неговиот одговор, односно ефектот на производот. Ова овозможува саканите ефекти да се постигнат со помали дози од состојките, што од своја страна доведува до помалку несакани ефекти врз системот за варење. По брзата апсорпција го намалува времето на престој на производите во стомакот, што практично не дозволува да се покажат некакви иритирачки ефекти.
Производите на Vitaslim во Licaps® се апсорбираат полесно и имаат подобар (мазен) тек во гастроинтестиналниот тракт, кое не го менува мотилитета и соодветно се намалува иритацијата и се олеснува апсорпцијата.
Сите овие предности на Licaps® производите ги прави производите на Vitaslim особено погодни за употреба кај луѓето со гастроинтестинални проблеми.