Дома / Технологија

Технологија

Што е Licaps

Licaps® е иновативна технологија која овозможува запечатување на течни, свежи, чисти и органски состојки во тврди желатински капсули без хемиска и термичка обработка. Технологијата е разработена и патентирана од фармацевтската компанија Capsugel, Франција. Capsugel е основан во САД  во 1895 година и имаат огромно искуство во производството на капсули.

 

 

 

Licaps® се користи за производство на течни додатоци во исхрана. Продуктите Vitaslim во Licaps одговараат на сите барања на добра производна пракса и имаат GMP сертификат (Good manufacturing practice) од AFSSAPS (Agence française de sécurité sanitaire des produits de santé).Licaps logo

Природност

Производите Vitaslim во Licaps® одговараат на барањата за природни и чисти производи и се со значително помалку помошни материи за разлика од таблетите.
Без растворувачи;
Без конзерванси;
Без глутен;
Без шекер;
Без ГМО.

Сите производи на Vitaslim во Licaps® се направени со желатин добиен од морски производи, и на тој начин се задоволуваат различните барања – кај вегетеријанци, кај различни културни и религиозни барања итн.

 

Licaps naturality

Брзо дејство

Производите, направени по Licaps® технологија, имаат многу побрзо дејство за разлика од други производи кои се во форма на таблети или прашак во капсула. Ова се должи на два фактора:

1. После голтањето, желатинската капсула Licaps® се раствора брзо и ја ослободува  својата содржина.

2. Активните состојки во Licaps® се веке растворени. Ова значително го забрзува процесот на апсорпција во телото и  нивното дејство.

 

 

 

Licaps fast action

 

Ефикасност

Многу голем број на научни испитувања покажуваат дека производите кои содржат течни состојки се апсорбираат подобро од производите кои се во прашкаста состојба. Ова значително ја зголемува ефикасноста (активноста) на активните материи.

 

 

 

Клиничкото испитување спроведено од Capsugel, докажува дека тврдите желатински капсули Licaps® ја подобруваат апсорпцијата и биолошката активност на коензим Q10 (Co Q10) за 32 % за разлика од Softgel (меки желатински капсули).
Витаслим производите во Licaps имаат подобра ефикасност и не се штетни за стомакот (по лесно сесварливи). Намаат мирис и вкус.

Сигурност

•    Licaps® користи патентирана технологија за затворање на течности во капсула, наречена LEMS™ (Liquid Encapsulation  Microspray Sealing). Со единствена технологија се постигнува сигурно затворање со што се избегнува истекување на течната содржина и состојките се заштитуваат од оксидација и влажнење.

•    Затворањето на Licaps® се спроведува во целост во азотна средина. Производите содржат азотно меурче кое гарантира долготрајно задржување  на трајноста и квалитетот на производите.

•    Капсулите Licaps® ги заштитуваат состојките од кислород и надворешни дејства – се намалува оксидацијата и се подобрува хидроизолацијата. Не се  дозволува намалување на квалитетот на состојките како и несакани взаемодејства мегу нив.

•    После затворањето на капсулите Licaps® не може да бидат отворани и затворани одново. Тоа им гарантира на пациентите во целост да користат  свеж, чист и безопасен проивод.

 

 

 

Licaps safety