Дома / Производи / Live Vitamins

Живи состојки + целосна апсорпција
= максимум ефект

Живите витамини Live Vitamins се единствени од ваков вид. Тие се повекепати посилни од обичните витамини и даваат видливи и брзи резултати.

Ова се должи на подобрената формула во која е сочувана природната биоактивност (“животот”) на витамините и минералите. Специјалната технологија на производство (патентирана технологија Licaps® на Capsugel) пак гарантира максимално апсорбирање на корисните материи во телото, односно уште подобра ефикасност.

Различните витаминско-минерални комплекси во составот на Live Vitamins придонесуваат за нормална функција на:

Имунолошкиот систем

Докажано ефикасен за одржување на силен имунитет е комплексот од железо, бакар, селен, цинк и витамините А, D, Б6, Б12 и C, го прави Live Vitamins особено ценет во ризичните сезони, за здравјето.

Кардиоваскуларен систем

Комплексот од магнезиум, калциум, железо, коензим Q10 и витамините Б1, Б2, Б12, Б6 и C во Live Vitamins придонесува за одржување на нормалната срцева функција и активноста на крвните садови.

Коски и зглобови

Калциум, магнезиум, бакар, цинк, манган и витамин C и D се специјалниот дел од Live Vitamins, кој работи за доброто здравје на коските и зглобовите. Тие обезбедуваат густината на коските и нормалната функција на рскавицата. Придонесуваат за формирање на сврзно ткиво.

Тонус и енергија

Комбинацијата за енергија на Live Vitamins вклучува железо, магнезиум, коензим Q10 и витамините Б2, Б6, Б12 и C. Тие помагаат за намалување на чувството на замор (дури и во мускулите) и го зголемуваат тонусот.

Меморија и концентрација

Нормалната функција на мозокот се одржува од комплексот биотин, бакар, јод, магнезиум и витамини Б1, Б2, Б6, Б12 и Ц во Live Vitamins. Тој го поддржува нервниот систем и психичката активност.

Надворешен изглед

За здравјето и убавината на косата, кожата и ноктите Live Vitamins се грижи преку коензим Q10, биотин, цинк, селен, манган, јод, бакар и витамините А, Ц, Е и Б2. Тие ја одржуваат нормалната пигментација и формирањето на колаген. Ги елиминираат слободните радикали и манифестираат anti-age ефект.
Live Vitamins го помага добриот вид, здравјето на забите и нормален раст и развој на децата (придонесува за нормално одвивање на метаболизмот).

Како се пие Live Vitamins?

За возрасни 1–2 капсули дневно. Кај деца над 3 годишна возраст – 1 капсула дневно.

Контраиндикации: Не се познати. Не се препорачува кај лица со алергија кон рибни производи (капсули од рибен желатин).

Побарајте и во аптеките

naturality MK