Дома / Производи / Vitaslim BEAUTY

Професионална нега
за убава коса, кожа и нокти

Vitaslim BEAUTY е различно решение на проблемите со опагање на косата, проблематичната кожа и меките и кршливи нокти. Неговата револуционерна формула работи од внатре кон надвор преку обезбедување на природна храна на косата, кожата и ноктите.

Уникатниот хранлив комплекс содржи специјални состојки – растителни масла, витамини и антиоксиданси. Тоа е еден лесен начин за трајно одржување на природната убавина. Vitaslim BEAUTY има забрзано дејство благодарение на неговата специјална течна формула (патентирана технологија Licaps® на Capsugel).

Блескава коса

Vitaslim BEAUTY ја регенерира оштетената и слаба коса, преку хидрирање и подхранување од внатре. Го помага запирањето на опагањето на косата, преку заздравување на врската мегу коренот на влакното и кожата на главата. Го намалува првутот преку активно хидрирање и подхранување на кожата на главата. Видливо го забрзува растот на косата. Косата е силна, еластична и поотпорна на топлите дејства на фенот, третирање со производи, студ и ветер, сонце и друго.

Здрави нокти

Vitaslim BEAUTY ги заздравува меките, кршливи нокти како и нокти кои се раслојуваат. Тој го забрзува нивниот раст и го подобрува нивниот изглед. Ноктите се здрави и убави.

Тонизирана кожа

 Vitaslim BEAUTY ја прави кожата еластична, доста хидрирана и подхранета. Таа станува свилено мека и блескава. Vitaslim BEAUTY го забавува стареењето и појавата на бори, преку силното антиоксидативно дејство. Ја подобрува состојбата на епидермот. Кожата се регенерира побрзо и добива по млад и витален изглед.

Како се пие Vitaslim BEAUTY?

По 1 капсула 2 пати днево (наутро и навечер), 10-15 минути пред јадење. За долготраен резултат се препорачува употреба од најмалку 3 месеци.

Контраиндикации: Не се познати. Не се препорачува кај лица алергични на рибини производи (капсули со рибин желатин).

*Не делува на косопад предизвикан од автоимуни заболувања, хормонални проблеми и друго.

naturality MK

Научете повеке